Инфантино без конкуренција – уште четири години на чело на ФИФА

Џани Инфантино ќе продолжи да ја извршува функцијата прв човек на ФИФА и во наредните четири години откако не доби ниту еден против-кандидат во трката за претседател.

Рокот за поднесување на кандидатури истече синоќа на полноќ, а ФИФА денеска објави дека Инфантино е единствениот кој поднел номинациски писма од пет земји-членки на светската куќа на фудбалот. Во изминатите два месеци се споменуваа неколку лица кои сакаа да го симнат Инфантино од тронот, но откако оценија дека тоа ќе биде невозможна мисија на крајот сепак решија воопшто да не влегуваат во трка со актуелниот претседател.

За нов мандат Џани Инфантино сега ќе мора само да ги мине „проверките за интегритет и чесност“, пред да биде избран за старо-нов претседател на Собранието на ФИФА на 5 јуни.

Се вчитува...