Инфантино искрен: Се плашев за ВАР-системот

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, првпат отворено призна дека стравувал за функционалноста на ВАР-системот, но оти сега е задоволен, а видео-асистенцијата нема да биде укината.

„Се плашевме, јас лично стравував од тоа дека системот ќе ја прекинува играта. Но, напротив, системот ја прочисти играта.  Бевме малку храбри, можеби и малку луди и бевме многу критикувани. Луѓето сега сфаќаат дека ова е иднината“ – вели Инфантино.

ВАР во изминативе години беше воведен во неколку од поголемите европски лиги, а најголемо внимание привлече на Светското првенство во  Русија.

„Во Русија се потврди дека ВАР е неопходен, не затоа што ФИФА вели така, туку затоа што внесува дисциплина и сигурност. Тренерите и играчите знаеја дека ќе бидат видени што и да направат и дека ќе имаат последици. Тоа им помогна на судиите да имаат чиста игра. Тие имаат неверојатно тешка работа“ – објаснува претседателот на ФИФА.

Инфантино зборуваше на техничката конференција на ФИФА во Лондон.

 

 

Се вчитува...