Инфантино не е загрижен за нередите во Мексико пред Мундијалот: Сè ќе биде добро!

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изрази смиреност поради немирите во Мексико, кое ќе биде домаќин на Светското првенство во 2026 година заедно со САД и Канада .

Специјална операција на мексиканските вооружени сили резултираше со атентат врз Немесио Осегуера, познат и како Ел Менчо, водачот на еден од најголемите нарко-картели во земјата, „Новата генерација на Халиско“ (CJNG). По ова, избувнаа немири во неколку мексикански држави, а милитантите на картелот се судрија со вооружените сили на земјата.

Од ФИФА неофицијално соопштија дека е можно да има преместување на неколку натпревари од Светското првенство, кои треба да се одиграат во оваа земја, но Инфантино не верува дека ќе дојде до такво нешто.

„Сè е многу мирно, добро. Сè ќе биде одлично“, изјави Џани Инфантино за АФП.

Се вчитува...