Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, демантира дека лобирал финалето во Копа Либертадорес меѓу жестоките ривали Ривер Плата и Бока Јуниорс да биде одиграно по секоја цена во текот на викендот. Поради инцидентот во пресрет на вториот дуел од битката за титулата мечот беше прво одложен за недела, а потоа и на неодредено. Инфатино беше споменуван во јавноста како еден од моќниците кои инсистирале средбата да биде одиграна.
„Поради серијата лажни обвинувања, морам да кажам дека во ниту еден момент не сум барал натпреварот да биде одигран. Никому не сум му се заканувал со дисциплински санкции. Сите одлуки поврзани со овој случај се одговорност на Јужноамериканската конфедерација, а не на ФИФА“ – вели Инфантино.
Навивачите на Ривер Плата го нападнаа автобусот на фудбалерите на Бока јуниорс по што настана комплетен хаос и немаше услови за фудбал. Засега нема нов и потврден термин за одигрување на Супер Класико.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА