Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, по синоќешнат церемонија во Вашингтон и ждрепката за групите на СП 2026, истакна дека ова ќе биде најголемиот но и најдобриот Мундијал во историјата.
„Ова ќе биде многу повеќе од спортски настан. Ќе биде нешто неверојатно кое ќе се памети, настан на човештвото“ – рече Инфантино, притоа дополнувајќи:
„Секако ќе биде најмасовното светско првенство, но и најдоброто, најуникатното, најспектакуларното. Според најавите, седум милиони лица ќе ги посетат стадионите што би била најголема бројка во историјата, а дури шест милијарди ќе го следат преку тв екраните. Неверојатно!“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

