Инфантино: Почна златната ера на фудбалот

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино се огласи ден пред големото финале на Светското клупско првенство меѓу Пари Сен Жермен и Челси.

Главната порака на Инфантино е дека во овој момент почнува златната ера на фубалот.

Првиот човек на ФИФА зборуваше за медиумите во кулата Трамп и откри дека самиот американски претседател Доналд Трамп ќе присуствува на финалето и на доделувањето на наградите.

Најдолго зборуваше за „успехот на светското клупско првенство“.

„Ова е голем, голем, голем успех. Почнува златната ера на фудбалот!“, се пофали Инфантино додека ги собираше впечатоците од Светското првенство кое се ближи кон крајот, прво во формат со толку многу клубови.

Се вчитува...