Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино повика на едномесечен прекин на огнот во Украина, за време на Светското првенство во Катар. Тој ја пофали обединувачката улога на фудбалот, потсетувајќи дека Русија беше домаќин на Светското првенство во 2018 година и дека Украина е кандидат заедно со Шпанија и Португалија за домаќин на 2030 година.
„Мојот апел до сите е да размислат за едномесечен привремен прекин на огнот за времетраењето на Светското првенство. Не сме толку наивни за да мислиме дека фудбалот може да ги реши светските проблеми. Но, Светското првенство нуди единствена платформа, со околу пет милијарди гледачи. Да ја искористиме оваа можност да направиме се што е можно за да ставиме крај на сите конфликти“, рече Инфантино на ручекот со лидерите на Г20 на индонезискиот остров Бали.
Светското првенство ќе биде отворено во недела меѓу Катар и Еквадор од 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА