Инфантино реизбран за претседател на ФИФА

Џани Инфантино е реизбран за претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА), со мандат до 2023 година. Веста за неговиот реизбор беше објавена на Конгресот на ФИФА кој денеска се одржа во Париз.

Инфантино беше избран за претседател на ФИФА во 2016 година, по заминувањето на Сеп Блатер поради еден од најголемите скандали кои ја зафатија Светската фудбалска федерација.

Една од главните цели на Италијанецот ќе биде воведување на Светско првенство со 48 репрезентации, идеја која сакаше да ја имплементира уште на Мундијалот во Катар 2022, но беше одбиена од управниот одбор на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

 

Се вчитува...