Легендарниот Аргентинец Лионел Меси и на 36-годишна возраст игра фудбал на највисоко ниво за што докажува и осмата награда за најдобар фудбалер на светот која ја освои неодамна пред далеку помладите Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.
Еден од најдобрите фудбалери во историјата не размислува за пензија, а и наговести дека може да биде дел од својата репрезентација и на Светското првенство во 2026 година. Многумина сакаат да го гледаат асот и по 2026 година. Еден од нив е и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
„Се надевам дека ќе биде на следното Светско првенство, но и на тоа по него, па и на тоа во 2034 година“, изјави Инфантино за Меси кој во 2034 година ќе има 47 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

