Инфантино: Сакаме Иран да игра на СП и Иран ќе игра на СП!

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, испрати јасна порака дека откажувањето не доаѓа предвид и Иран ќе игра на Светското првенство.

Во интервју за мексиканската телевизиска станица „N+ Univision“, тој нагласи дека ФИФА нема алтернативно сценарио.

„Сакаме Иран да игра и Иран ќе игра. Нема план Б, Ц или Д – само план А“, рече Инфантино.

Тој исто така истакна дека Иран го заслужил своето место на теренот, обезбедувајќи го својот четврти последователен настап преку квалификациите.

Се вчитува...