Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, уште еднаш потенцираше дека полуавтоматскиот систем за офсајд детекција може да дебитира на Мундијалот во Катар.
Напредната вештачка интелигенција овозможува брза детекција на недозволена позиција на напаѓачите на екипите, па станува јасно дека таа порано или подоцна ќе стане реалност на натпреварите.
„Го тестиравме системот на Светското клупско првенство и делуваше одлично. Задоволни сме од развојот, а конечната одлука ќе ја донесеме непосредно пред почетокот на СП во Катар“, изјавил Инфантино.
Задоволен од системот е и шефот на судиската комисија, Пјерлуиџи Колина, а тоа сигурно ќе важи и за судиите и во ВАР собата, бидејќи многу полесно и побрзо ќе биде утврдуван потенцијален офсајд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА