Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино даде интересен предлог за време на настаните во Фиренца, во спомен на Артемије Франци.
Шефот на светскиот фудбал во својот говор предложи „Олимпико“ во Рим да го носи името на починатата легенда Паоло Роси.
„Што чекате, да го именувате Олимпискиот стадион по Паоло Роси? Нема друг Италијанец кој направил повеќе за овој спорт и за Италија. Со месеци се обидувам да сфатам кој треба да ја реши оваа работа, но не успевам. Мислам дека Паоло Роси тоа го заслужува“, изјави Инфантино.
Предлогот првично дојде од претседателот на италијанската федерација, Габриеле Гравина, во ноември минатата година, а на крајот на декември, Претставничкиот дом го одобри со 387 гласа „за“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА