Инфантино со нов трик, од ќесето на ФИФА ќе извади 6.3 милијарди долари

Светската фудбалска федерација (ФИФА) планира да предложи план за развој на фудбалот вреден 6.35 милијарди долари за следните четири години.

За да може да го финансира зголемувањето на фондот за развој за периодот 2027-2030 со кој сите 211 земји членки ќе добијат финансиски срества, ФИФА би искористила дел од своите резерви.

Планот на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, сите 211 фудбалски федерации кои се членки на ФИФА да добијат по 25 милиони долари.

Оваа најава на ФИФА доаѓа само неколку недели по повикот на претседателот на УЕФА, Александер Чеферин и на првиот човек на Конкакаф, Виктор Монталиани, ФИФА на секоја Федерација да им исплати дополнителни 10 милиони долари по успешното Светското првенство кое изминатото лето се одржа во САД, Канада и Мексико.

Џани Инфантино кој е на чело на ФИФА од 2016 година се кандидира за нов мандат на изборите кои ќе се одржат во март идната година иако се наоѓа на удар на поголем дел од Федерациите и на медиумите поради неговиот обид да ги продаде правата на Светските првенства на приватни инвеститори.

Се вчитува...