Инфантино со нова скандалозна изјава: Бев во Северна Кореја, сакам да организираат Светско првенство

Првиот човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино излезе со нова контроверзна изјава во која вели дека нема никаков проблем Северна Кореја да биде организатор на Светско првенство.

Тој вели дека неколку пати веќе бил во оваа земја, но дека не успеал да ги убеди властите да организираат Мундијал.

„Секоја држава има право да биде домаќин. Ако Северна Кореја сака да биде домаќин … Пред неколку години бев таму како би проверил дали се подготвени да организираат Светско првенство за жени заедно со Јужна Кореја. Очигледно не бев успешен, но би одел уште 100 пати ако тоа би променило нешто. Само со активно делување можеме да промениме нешто. Ние сме глобална организација и мораме да тежнееме кон тоа да ја исполниме нашата цел, а тоа е обединување на светот околу најважната споредна работа, фудбалот“, изјави Инфантино. 

Се вчитува...