Инфантино: СП 2026 година ќе биде најголемо во историјата, ќе го гледаат повеќе од 6 милијарди луѓе

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино изјави дека Светското првенство во 2026 година ќе биде најдоброто досега. Тој истакна задоволство од поголемиот број на натпревари кои ќе ги гледа публиката.

Инфантино на денешната ждрепка за СП во која беше и Македонија, очекува многу луѓе да го гледаат овој спектакл.

„Следното Светско првенство ќе биде најголемото до сега. Тоа се 104 Супербоул натпревари за еден месец. Очекуваме да има 7 милиони луѓе на стадионите и шест милијарди луѓе кои ќе го гледаат од дома“, рече првиот човек на ФИФА.

Се вчитува...