Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, јавно стави крај на проектот за воведување на сини картони во фудбалот, ставајќи до знаење дека тоа нема да се случи.
Овој проект беше најавен од Меѓународната фудбалска комисија задолжена за правилата во овој спорт, но по гласните критики од фудбалерите, тренерите и фановите почетокот на проектот беше одложен. По последните зборови на Џани Инфантино, јасно е дека овој експеримент нема ни да почне.
„Тоа е тема што воопшто не се наоѓа на нашиот дневен ред. Комисијата може да предлага, но ставот на ФИФА е јасен – ние сме целосно против сините картони. Ги почитуваме сите предлози кои ни се доставени, ги разгледуваме, но мора да се има во предвид и традицијата на нашиот спорт, правилата кои важеле долги, долги години. Син картон во фудбалот, тоа е нешто што нема да се случи. Aко ви треба наслов, еве еден од мене: Црвен картон за синиот картон“, децидно порача првиот човек на светската фудбалска организација,
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА