Инфантино: Во Италија, расистите мора да бидат исфрлани од стадионите

Италијанскиот фудбал треба да го воведе англискиот систем на казни за навивачите расисти порачува претседателто на ФИФА, Џани Инфантино. Последниот инцидент од овој тим беше вечра кога дуелот меѓу Аталнта и Фиорентина беше прекинат поради расистички извици. Во Англија, на навивачите кои имаат расистички испади им се забранува пристап на стадионите.

„Не смее да има расизам ниту во општеството ниту во фудбалот. Во Италија ситуацијата не се пдобрува. Виновниците треба да бидат идентификувани и да им се забрани влез на стадионите. Мора да се примени системот како во Англија, да има строги казни. Не смееме да се палишме да ги осудиме расистите. мора да се бориме против нив се додека не престанат со таквото однесување“ – вели Инфантино.

Минатата недела, Калјари беше осободен од обвиненето за расистички напад на Ромелу Лукаку. За овој клуб ова беше трето вакво обвинение, но засега нема ниту една казна.

 

 

Се вчитува...