Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, даде контраверзна изјава за неучеството на Италија на Светското првенство во 2018 година. Инфантино е Швајцарец со италијански корени и јавно го изрази своето жалење што ќе ја нема Италија на фудбалскиот мундијал.
„Покрај тоа што сум претседател на ФИФА, јас сум и навивач и вљубеник во фудбалот. Морам да признаам дека Светското првенство без Италија ќе биде вистинска трагедија“ – изјави Инфантино на церемонијата „Колари д’Оро“.
Претседеталот на ФИФА имаше и порака за луѓето од Италијанската Фудбалска Асоцијација.
„Мора добро да работите за да ја вратите Италија таму каде што заслужува да биде – на врвот на светот“.
За потсетување, Италија остана без пласман на Светското првенство во Русија откако беше елиминирана од Шведска во баражот за СП (1-0, 0-0).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА