Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино предложи можност за организација на Светското првенство во Израел и Палестина, две земји кои меѓусебно војуваат долги години.
Инфантино во моментов е во посета на Израел, каде првпат гостува како претседател на ФИФА. Веќе долго време се говори Светски првенства да се организираат на две години, а тој смета дека би било одлично доколку овие две земји бидат домаќини на едно од нив.
„Зошто не можеме да сонуваме за Светско првенство во Израел и неговите соседни држави. Зошто да не се случи да организираме Светско првенство во Израел и неговите соседи како на пример Палестина“, изјави Инфантино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА