Мохамед Салах е национален херој на Египет откако фудбалерот на Ливерпул ги постигна двата гола за победа над Конго од 2-1, за прв пласман на „фараоните“ на еден мундијал по пауза од цели 28 години.
Вечерашниот дуел имаше инфаркт завршница откако гостите неочекувано израмнија во 88. минута. На стадионот со над 100.000 фанови неколку минути владееше молк, за Салах со пенал во 95. минута да ја донесе толку посакуваната победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА