Фудбалерите на ПСЖ во инфаркт-завршница успеаја да слават на гостувањето против Дижон со 1-2, со голот што во 92. минута го постигна Муние.
Белгискиот десен бек беше човек на одлука со два погодоци, спасувајќи го од срам Килијан Мбапе, кој претходно промаши неколку стопроцентни шанси за гостите. Муние конечно го скрши отпорот на Дижон кон средината на второто полувреме, но потоа домаќините во 87. минута го шокираа големиот фаворит со евроголот на Жино.
ПСЖ тргна на се или ништо во завршницата, а откако во 91. минута непрецизен беше Нејмар, 60 секунди подоцна Муние со својот втор гол им донесе огромна радост на гостите од Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА