Не може без драма, но барем е со хепиенд за македонската младинска репрезентација, која во инфаркт-завршница успеа да слави над Фарските острови во пенал-рулет и да се пласира во големото финале од ЕХФ шампионатот што се одржува во Скопје.
Македонија беше на работ на победа и во регуларниот дел, но во последната минута избраниците на Брестовац промашија два шута, по што противникот на неколку секунди до крајот стигна до израмнување.
Сепак, карактерот се покажа на дело кога беше најважно, па во пенал-рулетот нашите младинци беа фокусирани при реализацијата, а голманот Кизиќ ја имаше улогата на херој.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА