Овој „нов Вардар“ продолжува по старите навики на претходните шампионски генерации на „црвено-црните“ предодредени не само да играат, туку и да победуваат во инфаркт-завршници.
Македонскиот гигант покажа дека и со ваков значително променет ростер се уште го поседува она најважното – спорскиот инает и победничкиот карактер, кој му овозможи да се врати од „минус шест“ во последните десет минути и на крајот во пенал-рулет да го совлада Загреб и да се пласира во финалето од СЕХА-лигата.
Јасно е дека нивото на игра е далеку на она на што навивачите се навикнати од претходните години, но радува што се покажува желбата за победа и гинењето буквално до последната секунда, нешто што ги красеше и претходните генерации. Долг е патот до формирање на силен колектив по еден голем „ремонт“, но денешниот триумф во Задар е прв и многу значаен чекор.
Фото: Jozo Cabraja, Anze Malovrh, Uros Hocevar. Извор: Seha-liga.com
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА