Инфатино до клубовите од Суперлигата: Не може да бидете и ваму и таму, ќе си ги сносите последиците

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, конечно се јави со свој официјален став по формирањето на Суперлигата на Европа.

Европскиот фудбал се наоѓа под сериозна закана, а по острите критики од страна на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, денеска слична порака испрати и првиот човек на ФИФА

„Во целост сме против основањето на Суперлигата. Не смее да се дозволи креација што ќе биде затворена за останатите. Се губат премногу работи само за малкумина да остварат финансиски профит. Луѓето треба добро да размислат, фудбалот не е само за пари, многу значаен фактор се навивачите, кои гласно го кажаа својот став. До клубовите, нема да можете да бидете и ваму и таму. Или сте внатре или сте надвор. Ако сакаат да учествуваат во новата лига, ќе мора да се соочат со последиците од својот избор“, изјави Инфантино, најавувајќи дека ФИФА ќе ги поддржи санкциите за сите вмешани клубови.

Се вчитува...