Легендарниот голма на Реал и репрезентацијата на Шпанија, Икер Каслијан не успеа да ја сокрие новата љубов. Шпанецот по се изгледа има нова љубов, а станува збор за познатата инфлуенсерка Росио Осорно.
Откако раскина со новинарката Сара Карбонеро, која ја бакна во живо пред ТВ камерите по победата на Светското првенство во 2010 година, Касиљас сега е во врска со уште една атрактивна убавица! Медиумите пренесуваат дека Касиљас се забавува 34-годишната модна дизајнерка и „инфлуенсерка“. Магазинот „Лектурас“ пишува дека Икер и Росио се запознале во Мадрид, а наводно заедно заминале во Париз, за да побегнат од домашните медиуми.
Росио Осорно е добро позната во Севиља, каде што го започна својот бизнис, отворајќи своја модна компанија. На Инстаграм има 1.400.000 следбеници, а од првиот брак има две деца. Таа се разведе на крајот на 2020 година, а во меѓувреме Касиљас се разведе од Сара Карбонеро.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА