Информација за навивачите во пресрет на натпреварот Македонија – Казахстан

Фудбалската федерација на Македонија излезе со соопштение за навивачите пред денешниот натпревар против Казахстан во квалификациите за пласман на Светското првенсво 2026 година.

Во продолжение ви го пренесуваме во целост соопштението на ФФМ:

„Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена од 18:45 часот. Ги повикуваме навивачите да пристигнат најдоцна еден час пред почетокот на натпреварот и да ги заземат своите места навреме.

Препорачуваме пристигнување пеш или со јавен превоз, бидејќи паркирањето околу арената ќе биде ограничено (освен за акредитирани возила). Лица од eticket.ffm.com.mk ќе ги проверуваат билетите, а вие порано подгответе се за проверка. Забрането е внесување чадори, големи торби, шишиња, запалки, пиротехнички средства, знамиња и транспаренти со несоодветна содржина. Поддржете ја репрезентацијата фер, коректно и спортски, без навреди, расистички или дискриминаторски скандирања“, стои во соопштението на ФФМ.

Се вчитува...