Норвешкиот атлетичар Јакоб Ингебригцен го освои златниот медал на трката на 1.500 метри на Светското првенство во сала во Нанџинг, Кина.
Прославениот норвешки спортист победи со време од 3:38,79 минути, а ова му е второ злато во Нанџинг откако славеше на трката на 3.000 метри.
Претходно Норвежанецот ги обедини двете злата и на ЕП во сала во истите дисциплини и во 2025, 2023 и 2021 година.
Среброто му припадна на британскиот натпреварувач Нил Горли (3:39.07), додека Американецот Лук Хаузер ја освои бронзата (3:39.17).
Во женска конкуренција на иста дистанца славеше Етиопјанката Гудаф Цегај, која истрча 1.500 метри за 3:54,86 минути, поставувајќи нов шампионски рекорд.
Нејзината сонародничка Дирибе Велтеџи освои сребро (3:59.30), а бронзениот медал и припадна на Британката Џорџија Хантер Бел (3:59.84).
Jakob Ingebrigtsen’s incredible medal haul. 🥵
Olympics
🥇 2020 1500m
🥇 2024 5000mEuropeans
🥇 2018 1500m, 5000m
🥇 2022 1500m, 5000m
🥇 2024 1500m, 5000mWorlds
🥇 2022 5000m
🥇 2023 5000mEuropean Indoors
🥇 2019 3000m
🥇 2021 1500m, 3000m
🥇 2023 1500m, 3000m
🥇 2025… pic.twitter.com/rTmQSrcs2C— European Athletics (@EuroAthletics) March 23, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

