Кошаркарите на ЛА Лејкерс славеа на гостувањето против Филаделфија со 107-104 во еден од синоќешните четири натпревари од НБА лигата. Лејкерси на тој начин прекинаа низа од пет едноподруго порази во НБА лигата.
Херој на „езерџиите“ беше Брендон Инграм кој со тројка во последната секунда донесе славје за својот тим, а беше и најефикасен со 21 поен, дополнети и со 7 скока и 6 асистенции. Го следеа Рендл и Кларксон со по 16 постигнати поени.
Џоел Ембид беше најефикасен кај Филаделфија со 33 поени, додека Ковингтон мечот го заврши со 19 постигнати поени.
Бруклин славеше против Оклахома со 100-95, предводен од Карис Леверт со 21 поени и 10 скока, додека 17 поени постигна Ронде Холис-Џеферсон.
Во редовите на Оклахома се истакна Расел Вестбрук со 31 поен, дополнето и со 8 скока и 6 асистенции. Кармело Ентони имаше скромни 11 поени, а Пол Џорџ не играше поради повреда на листот од десната нога.
Вашингтон победи на гостински терен против Феникс со 109-99, во меч во кој уште една одлична партија пружи Бредли Бил со 34 поени. Го следеше Маркиф Морис со 21 поен.
Хјустон стигна до триумф против Јута во Солт лејк сити од 112-101, и на тој начин се задржа на првото место на Западот со скор од 19 победи и 4 порази. А, во вкупниот пласман во НБА лигата, „рокетси“ се втори зад Бостон кој има 21 победа и 4 порази.
Хјустон до осмата едноподруго победа беше предводен од Џејмс Харден со 29 поени. Рајан Андерсон запиша 23 поени, а Крис Пол имаше „дабл-дабл“ ефект од 18 поени и 13 асистенции. Донован Мичел постигна 26 поени кај Јута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА