Ингс корона-позитивен го решил Ливерпул?!

Дени Ингс го постигна победничкиот гол за Саутемптон против шампионот Ливерпул (1-0), по што искусниот голгетер се нема појавено на тренинзите на својот тим. Менаџерот Ралф Хасенхутл денеска обелодени дека Ингс е во „аут“ бидејќи е позитивен на коронавирус, сомневајќи се дека тој заболен играл и против својот поранешен клуб.

Ингс имал негативен резултат на тестирањето пред мечот со Ливерпул, но веднаш по тој натпревар покажал симптоми и моментно се наоѓа во самоизолација.

„Дени е надвор од тренажен процес бидејќи има коронавирус. Тој играше против Ливерпул, но веднаш по тој меч се пожали на симптоми, беше тестиран и беше позитивен“, изјави Хасенхутл.

Периодот на карантин на Ингс завршува утре, но се очекува тој да не настапи на саботниот дуел со Лестер.

Се вчитува...