Иниеста на крајно емотивен начин најави крај на кариерата (ВИДЕО)

Едно од најславните имиња на шпанскиот фудбал, Андрес Иниеста со емотивно видео најави крај на играчката кариера.

Иниеста по разделбата со Барселона во 2018 година ја продолжи кариерата во Јапонија и Обединетите Арапски Емирати, по што утре на официјален настан се очекува да ја заокружи активната играчка кариера.

Денеска, пак, на крајно емотивен начин преку видео порака го најави своето повлекување од фудбалот во кој освои неверојатни 38 титули. За фудбалското дело на Иниеста во видеото говореа Луис Енрике, Пеп Гвардиола, Луис Ван Гал, Висенте Дел Боске…

Се вчитува...