Иниеста: На Меси не му требаше пехар од СП за да им се докажува на хејтерите

Андрес Иниеста му честиташе на Лео Меси за освоената титула на СП во Катар, но поранешниот ас на Барселона исто така порача и дека Меси секако ќе останеше запишан како најдобар фудбалер во историјата, дури и доколку не беше крунисан на последниот мундијал.

Иниеста имаше можност да одигра 488 натпревари заедно со Меси во дресот на Барса, еден на друг си имаа асистирано на вкупно 53 погодоци, а за Шпанецот нема дилема кој е најдобриот играч на сите времиња.

„Од моја перспектива, на Меси не му требаше пехар од СП за да биде најдобар на сите времиња. Со и без тој пехар, Лео е најдобар. Секако дека сум горд на него и среќен што стана светски првак, но не гледам потреба тој со светската круна да им се докажува на хејтерите. Тие секако ќе најдат некој нов изговор дека Меси не е најдобриот“, изјави Иниеста.

Се вчитува...