Андрес Иниеста синоќа настапи за Шпанија на „Телеком арена“ против селекцијата на Македонија, по што фудбалскиот генијалец од Скопје си замина со приватен авион, летајќи директно во Кувајт. Имено, фудбалерот на Барселона денеска ќе настапи на футсал-турнирот „Ал Ругхан Рамадан“, каде ќе биде главна ѕвезда на ова натпреварување заедно со шпанскиот голман Икер Касилјас.
Иниеста пристигнал во Кувајт во друштво на својот менаџер Рамон Сострес, а според планот, договорено е тој да мине десетина минути со 50 најсреќни фанови, кои ќе бидат извлечени преку лотарија од купените билети и ќе можат да се фотографираат со фудбалската мегаѕвезда.
По завршувањето на турнирот Иниеста ќе замине на одмор, за потоа на самиот почеток од јули да се појави на стартот на подготовките на Барселона, под водство на новиот тренер Ернесто Валверде.
نجم برشلونة “الرسام انيستا” في الكويت..??Welcome to kuwait??@andresiniesta8 ?#الروضان38 pic.twitter.com/tvJiOJATx9
— AlRoudan Tournament (@AlRoudanTour) June 12, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА