Иниеста планира да се врати во Барселона како тренер

Легендата на Барселона, Андрес Иниеста кој сега во зрелите играчки годи ни настапува во Јапонија за тимлот на Висел Кобе, најави дека вече размислува и за тренерска кариера.

Договорот со јапонскиот клуб му истекува следната година, а тоа најверојатно ќе бидат и последни денови од неговата фудбалска кариера. Но, како што најави во интервју за јапонските медиуми, Иниеста планира да остане во фудбалот и да продолжи со тренерска работа.

„Тешко е да се предвиди што носи иднината. Не можам да кажам дека не би сакал да бидам тренер на Барселона, но не можам ни да кажам дека многу сум размислувал за тоа. Сепак, како што поминува времето, се повеќе размислувам за почеток на тренерска кариера“ – откри Иниеста.

Андрес Иниеста во својата богата кариерам со Барселона девет пат беше шампион на Шпанија, четири пати ја освои титулата во Лигата на шампионите, а со Шпанија стана европски и светски шампион.

Се вчитува...