Андрес Иниеста затвора фантастично поглавје од својата кариера, период во кој освои се што можеше да се освои на клупски и на репрезентативен план, но како круна изостана најголемото индивидуално признание – „Златната топка“ за најдобар светски фудбалер. Се уште владее мислењето дека Иниеста заслужи да стигне до него во годината кога го постигна победничкиот гол на финалето од мундијалот, „Франс фудбал“ пред неколку дена дури и објави уреднички текст со извинување до Иниеста што никогаш не го добил големото признание што го заслужил, но Шпанецот скромен како и секогаш откри што му носи најголема радост.
„Во последниот период слушам како сите говорат за Златната топка како за нешто што ми недостига. Мојата перцепција за фудбалот и мојат радост што сум дел од оваа игра никако не може да се промени со една индивидуална награда. Беше магично тогаш да бидам дел од прославата со Меси и Чави таа година, но мене секогаш повеќе ми значела љубовта од луѓето отколку Златната топка или било која друга награда“ – истакна Иниеста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА