Андрес Иниеста ќе мора да паузира најмалку десет дена откако ги истегна препоните во мечот со Лас Палмас, на кој Барса пред празни трибини триумфираше со 3-0. Шпанскиот репрезентативец ќе отсуствува од составот на „црвената фурија“ за претстојните квалификациски натпревари против Албанија и Израел. Со победа против националниот тим на Албанија, Шпанија ќе го осигура пласманот на СП во Русија 2018.
Од каталонскиот клуб тврдат дека Иниеста ќе биде подготвен за дербито против Атлетико Мадрид, кое се игра веднаш по репрезентативните обврски, поточно на 14. октомври.
Селекторот Лопетеги ќе биде и без Алваро Мората, кој се повреди во саботата против Сити, додека пак Дани Карвахал ќе мора да паузира подолго време. Шпанскиот стратег како нивни замени ќе ги има на располагање, напаѓачот од Атлетик Билбао, Ариц Адуриз, Џонатан Виера од Лас Палмас, како и младиот Алваро Одриозола од Реал Сосиедад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА