Поранешниот капитен на Барселона Андрес Иниеста проговори за своето заминување во Јапонија и разделбата со каталонскиот клуб каде мина повеќе од две децении.
„Се обидував секој момент да го доживувам како да е последен, да го сочувам во меморијата. Беше многу емотивно, сите тие години играње со страст. На крајот почувствував и меланхолија и страст“ – вели легендата на Барса кој 22 години беше дел од каталонскиот тим.
„Телото повеќе не можеше да ги издржи напорите за работа во тим како Барса. Мислам дека тоа е најискрената одлука која ја донесов. Се има свој почеток и крај, а доволно сум зрел за да точно знам што е најдобро за мене, но и за еден колектив. Мислам и дека не погрешив што ја одбрав Јапонија. Мислам дека во оваа земја уште повеќе ќе созреам како личност и ќе се збогатам на културна основа, што е одлично за мене“.
Семејството секогаш стои зад неговите одлуки, со тоа што сега има еден проблем…
„Семејството добро ја поднесе мојата одлука, единствено тоа тешко му падна на татко ми затоа што тој не сака да патува со авион, па ќе мора да смислиме нешто“ – вели Иниеста, кој се потсетува и на тажните моменти од неговиот живот по смрта на неговиот добар пријател, Даниел Жарке, фудбалер на Еспањол кој почина од срцев удар.
„Тогаш паднав во огромна депресија. Не чувствував ништо. Не уживав во животот. Луѓето околу тебе се само фигури и ништо повеќе. Немаш чувство, немаш страст, немаш желба… Долго се борев со депресијата“ – коментира Иниеста кој на својот пријател му го посвети погодокот во 116. минута од финалето на Светското првенство 2010 покажувајќи мачика на која пишуваше „Дани, засекогаш со нас“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА