Иниеста се уште е фудбалски волшебеник – мајсториски погодок од слободен удар (видео)

Висел Кобе ја декласираше Урава со 5-1 во денешниот дуел од јапонскиот шампионат, меч на кој брилијантна игра покажа Андрес Иниеста. Шпанскиот ас потврди дека и на 37-годишна возраст е велемајстор на фудалската игра постигнувајќи феноменален погодок од слободен удар.

Иниеста до крајот на полувремето постина уште еден погодок, овојпат со помош на еден од гостинските дефанзивци.

Конечните 5-1 ги постави уште еден поранешен фудбалер на Барселона, Бојан Кркиќ.

 

Се вчитува...