Андрес Иниеста дефинитивно ја напушта Барселона, а негова следна дестинација ќе биде кинескиот клуб Тианјин Кванжан. Шпанскиот фудбалски волшебник веќе извесно време беше поврзуван со преселба во Кина, но како што јавува „Радио Каталуња“ одлуката ја официјализирал по елиминацијата на Барса од Лигата на шампионите.
Тој по поразот во Рим изјави дека дуелот со Рома најверојатно е последен за него во елитното европско натпреварување, по што го ставил потписот на договорот со Тианјин. Каталонското радио обелодени дека Иниеста ќе мине три години во новиот клуб, за бруто плата од 37 милиони евра.
Капитенот на каталонскиот гигант дебитираше за Барселона во 2002 година, одигра 688 натпревари и освои 30 трофеи во дресот на каталонскиот гигант. Воедно, тој беше и дел од најуспешната генерција на шпанската репрезентација, која освои два пехари на европските шампионати и еднаш триумфираше на СП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА