Легендата на Барселона Андрес Иниеста, кажа дека ќе биде тешко Каталонците да го вратат Лионел Меси на „Ноу Камп“. Иниеста и Меси долго време беа соиграчи во Барселона, а потоа Иниеста замина во Јапонија, а уште пошокантно делуваше минатогодишното заминување на Меси во ПСЖ.
Иниеста вчера кажа дека еден ден би сакал да се врати во Барселона, а сега зборуваше и за можноста за враќање на Аргентинецот.
„Во фудбалот никогаш не се знае, но мислам дека тоа е тешка и речиси невозможна мисија“, рече Иниеста.
Претходно беше објавено дека Барселона сака да во врати Меси во 2023 година, а ПСЖ сака да го продолжи неговиот договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

