Повеќе од 3.000 членови на собранието на Барселона го дадоа својот глас за „анти-Бартомеу“ петицијата, за смена на раководството, поточно заминување на претседателот Хозе Бартомеу од оваа функција. Ова го предложи еден од поранешните кандидати за претседателското место и се уште активен член на собранието, Агусти Бенедито.
Неговата петиција започна на 1. сепмтеври, а за да се прифати било каков предлoг за реформи во канцелариите на каталонскиот клуб, ќе треба да се соберат најмалку 16.570 гласови до октомври. Бенедито се надева дека за време на мечот против Јувенстус во Лигата на шампиони, ќе собере уште гласови за да се започне процесот за смена на претседателот.
За смена на актуелниот претседател, Хосе Бартомеу се зборува веќе извесно време. Ниту собранието, ниту навивачите не се задоволни од неговото раководење, особено со неговите одлуки на трансфер пазарот и недоведувањето на Верати и Кутињо во летниот преоден рок. Најголем проблем сепак е одолговлекувањето на новиот договор со Лионел Меси. Бартомеу тврди дека се’ е завршено, се чека само вистинскиот момент да се официјализира новата соработка. Слична е ситуацијата и со Иниеса, за кого претседателот изјави дека веќе договорил потпис на нов договор, за да биде експресно демантиран од страна на самиот фудбалер.
Поранешниот претеседател на клубот, Хоан Лапорта е еден од членовите кои до дадоа својот глас за немање доверба на управата. Тој уште на крајот од минатата сезона го критикуваше раковоството во едно интервју за британскиот медиум „Гардијан“, во кое вели дека клубот оставен на погрешните луѓе, и дека би се кандидирал повторно за претседателското место само да за ја врати Барселона на вистинскиот пат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА