По соопштението од КФСМ во кое претседателот Перо Антиќ повика да не се врши притисок врз клубовите пред закажаното редовно собрание на федерацијата на 18 декември (среда) а „политичката моќ да не се злоупотребува за остварување цели во спортот“, со свое соопштение се огласи и Иницијативниот одбор за промени во Кошаркарската федерација.
„Ова соопштение го испраќаме како одговор на соопштението на КФСМ и на нелигитимниот претседател Перо Антиќ. Претседателот во заминување го гласале татко му, кумовите, братучедите и вработените во КФСМ на кои тој им е претпоставен. Флагрантен пример на кршење на статутот на КФСМ е учеството на Генералниот секретар на Собранието како делегат/претставник на клуб кој гласа по сите точки на дневниот ред. Доколку мисли Перо Антиќ дека ја има довербата на клубовите, нека не се плаши. На претстојното Собрание зборот ќе го имаат клубовите а не неговите роднини и пријатели“ – се вели во соопштението од Иницијативниот одбор.
Од Иницијативниот одбор во прилог го доставуваат и записникот од Изборното собрание одржано на 29.03.2023 година, кое е и точка на дневен ред на претстојното редовно собрание на 18.12.2024.
Записникот од Изборното Собрание од минатата година може целосно да го погледнете на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА