„Инсајдерот“ за трансфери во Италија тврди: И Сантос е опција за Несторовски

Инсајдерот за трансфери во италијанскиот фудбал, Џанлука Ди Марцио објави дека еден од клубовите кои би можеле да бидат следна дестинација е и бразилскиот гигант Сантос.

Покрај Сантос, Ди Марцио пишува и за Тернана, Асколи и Козенца, тимови кои веќе беа споменувани како можни опции за Несторовски.

Македонскиот интернационалец засега е без клуб откако му истече договорот со Удинезе. Беше пред договор со Тернана, а вчера имаше информација дека се договорил со Козенца. Во следните неколку денови ќе биде познат следниот клуб на напаѓачот.

Се вчитува...