Селекторот на Франција, Дидие Дешамп не е задоволен од изданието на своите пулени на Европското првенство во Германија.
Токму поради тоа, како што пренесуваат француските медиуми, решен е на промени за полуфиналето против Шпанија, па одлучил да го жртвува Антоин Гризман.
Како што пренесува „Л’Екип“, Дешамп одлучил да го исфрли Гризман од стартниот состав како дел од планот Франција да биде одбранбено поцврста пред жестоките напади на Шпанија.
Засега нема навестување кој ќе биде стартер место Гризман, но дефинитивно е јасно дека ќе биде играч од средниот ред со позабележителни дефанзивни карактеристики.
Иако е „невидлив“ на ова европско првенство, Гризман и натаму се смета за важен дел од францускиот тим. Сигурно би бил искористен во текот на играта, без разлика што нема да стартува против Шпанците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА