Инсиње: Да се биде лидер по четири кола не значи ништо…

Наполи е единствениот тим со перфектни 12 бода по премиерните четири кола во Серија А, но Лоренцо Инсиње не дозволува неговиот тим да лете во облаци.

„Наполитанците“ одиграа супериорен меч декласирајќи го Удинезе со 0-4 на „Фриули“, но капитенот Инсиње ги потсети соиграчите дека ваквите изданија мораат да продолжат до крајот на сезоната.

„Убаво е што имаме 12 бода, но ништо не значи коа сте први на табелата по само четири одиграни кола. Мораме да останеме скромни, да не летнеме во облаци, туку да продолжиме со напорна работа. Тренерот настојува да го извлече најдоброто од секој од нас, мораме да напредуваме уште повеќе. Тој е искусен страатег што знае како да состави квалитетен колектив“, изјави Инсиње.

Следен предизвик за „наполитанците“ е гостувањето во Џенова против екипата на Сампдорија, закажано за четврток.

 

Се вчитува...