Наполи отиде чекор напред во Купот на Италија, триумфирајќи со 1-0 над Удинезе и пласирајќи се меѓу најдобрите осум екипи во ова натпреварување.
„Наполитанците“ во првото полувреме се мачеа да го скршат отпорот на гостите, па тренерот Сари беше принуден во игра да ги внесе Мертенс и Инсиње на стартот од вториот дел. Оваа двојна замена вроди со плод, бидејќи токму Инсиње беше стрелец на голот за победа, на асистенција на Мертенс во 71. минута.
Наполи за ривал во четврт-финалето ќе го има подобриот од дуелот Аталанта – Сасуоло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА