Инсиње: Меси е најдобар, но Марадона е фудбалскиот бог

Наполи утревечер ја пречекува Барселона на „Сан Паоло“ во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите, а капитенот Лоренцо Инсиње не стравува од најдобриот светски фудбалер Лионел Меси. За него, сепак, Диего Марадона е фудбалскиот бог. Играше во Неапол, но беше член и на Барселона.

„Барселона е силен тим, Меси е најдобриот светски фудбалер, но ние веруваме дека можеме да славиме со поддршка од навивачите. Меси? Можеби е најдобар, но за мене само еден е фудбалски бог – Диего Марадона“, изјави Лоренцо Инсиње на прес – конференцијата во пресрет на утрешниот дуел.

Елиф Елмас, според најавите, треба да биде во стартниот состав на „наполитанците“ на утрешниот натпревар.

Се вчитува...