Лоренцо Инсиње е еден од најдобрите фудбалери на Наполи, миленик на навивачите, кој неодамна го продолжи договорот со клубот до јуни 2022 година.
„Се надевам дека овој дрес ќе го носам вечно, тоа е она што отсекогаш сум го сакал. Среќен сум во Наполи и сакам да дадам се од себе за успесите на клубот во кој сакам долго да останам. Ова е клубот за кој срцето единствено ми чука“ – вели Инсиње, кој верува дека Наполи во следната сезона ќе се бори и за титулата.
„Не мислам дека ни недостасуваат многу нешта за да може да се бориме за титулата, затоа што минатата сезона бевме блиску до големи постигнувања. Добра работа е што ова лето никој не го напушти клубот, се уште, и ако остане така сигурен сум дека ќе бидеме конкурентни за титулата“ – истакнува Инсиње.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА