Инсиње од лето на „Енфилд Роуд“?

Англискиот премиерлигаш Ливерпул подготвува понуда вредна 70 милиони евра за италијанскиот репрезентативец Лоренцо Инсиње. Офанзивецот на Наполи игра одлично и оваа сезона во Серија А, досега постигна 11 гола и шест асистенции на 27 натпревари во сите конкуренции, а менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, е решен да го доведе на „Енфилд Роуд“.

Сепак, тоа нема да биде лесна задача. Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис важи за многу „тврд“ човек кога е во прашање продажбата на фудбалерите, а минатото лето за Инсиње побара отштета од 150 милиони евра.„Наполитанците“ во моментот имаат девет бода помалку од лидерот Јувентус во трката за шампионската титула во Серија А.

 

Се вчитува...