Инсиње: По шест победи не треба да летаме во облаци

Капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње ја коментираше победата на својот тим во натпреварот од 6.коло на Серија А против Каљари.

Средбата заврши со резултат 2-0, па ваквиот исход му донесе на Наполи шест победи во серија од почетокот на сезоната и се лидери на табелата во Серија А.

„Ја започнавме сезоната добро, но не можете да се оддалечите од реалноста и да бидете во облаци. Пред нас е многу долг пат. Тренерот сака да уживаме во нашата работа. Како капитен, сакам да кажам дека треба да останеме на земја, да застанеме на нозе. Минатата сезона ни недостигаше еден бод за да ја завршиме сезоната со изборен пласман во Лигата на шампиони. Сега треба да го надоместиме тоа“, изјави Лоренцо Инсиње за Фудбал Италија.

Се вчитува...