Инсиње побарал да си замине од Неапол, сака на „Енфилд Роуд“

Капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње, побарал од раководството на клубот да му дозволи трансфер во Англија по завршувањето на сезоната. Италијанските медиуми откриваат дека офанзивецот имал средба со првиот човек Аурелио де Лаурентис и му објаснил дека му е потребен нов предизвик во кариерата. За Инсиње сериозно е заинтересиран Ливерпул и тој би сакал да заигра во Премиер – лигата.

Наполи нема така лесно да се откаже од одличниот крилен напаѓач, Де Лаурентис бара најмалку 100 милиони евра отштета за да се согласи на негова продажба. Италијанскиот репрезентативец целата досегашна кариера ја мина во редовите на Наполи, со исклучок на позајмиците во италијански нисколигаши додека ја докажуваше својата вредност.

Се вчитува...